Студентите и младите претприемачи на возраст од 18 до 30 години, кои имаат креативни бизнис идеи ќе може да се пријават на  натпреварот „Биди перспективен започни свој бизнис“. Според Јавниот повик кој го објави Министерството за економија на Република Македонија, бизнис идеите ќе може да се достават најдоцна до сабота 15-ти март, 2014 година.

Авторите на идеите кои ќе бидат избрани помеѓу 40-те најдобри, ќе добијат право за учество на обука составена од 13 модули, со цел да бидат адекватно оспособени за преточување на нивните идеи во бизнис план. По завршувањето на обуките, ќе биде објавен Јавен повик каде секој од учесниците може да изработи и достави бизнис план, по што ќе следува селекција на најдобрите и нивна презентација. За првите пет бизнис планови ќе бидат доделени плакети,  ваучери и парични награди.

Бизнис идеите може да се доставуваат електронски со пополнување на Образец „Бизнис идеја 2014“ кој може да се најде на Веб страницата на Министерството за економија.

Во реализиција на натпреварот вклучени се и Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Министерството за образование и наука, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Државниот Универзитет во Тетово, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Бирото за развој на образованието и Бизнис старт-ап центарот при Машинскиот факултет. 

OhridNews