Отсекот за превенција, денеска ја реализира превентивната сообраќајна кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Полициски службеници на неколку локации низ Охрид, во непосредна комуникација со возачите на моторни возила, ги потсетуваа за потребата од почитување на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започнува од денеска и ќе трае до 15 март идната година, како и за потребата од строго придржување до останатите одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози, со акцент на придржување до пропишаната брзина на движење и прилагодување спрема условите и состојбите на патот, информираат од МВР.
На возачите на моторни возила, велат, им беа поделени и едукативни материјали со практични совети за безбедно управување моторни возила во зимски услови.

Целта на состанок беше координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови, додаваат од МВР.
OhridNews












