Менаџерот на Сандерленд, Сем Алардајс ќе го напушти клубот и ќе ја преземе палката во англиската фудбалска репрезентација.


На селекторската клупа од „гордиот албион“ популарниот „Биг Сем“ ќе го наследи Рој Хоџсон кој поднесе оставка по елиминацијата од Исланд во 1/8 финалето на Европското првенство во Франција.

Официјална потврда и промоција на Алардајс како нов селектор на Англија ќе има во најбрз можен рок односно во следните 24 часа.

61-годишниот стратег има големо искуство водејќи ги Болтон, Њукасл, Вест Хем, Блекбурн и Сандерленд во најсилната англиска лига.

OhridNews