Музичката дива Бијонсе за време на викендот ужива на тропски одмор со своето семејство. Таа, сопругот и малата Блу Ајви отишле на одмор во паузата помеѓу концертите на нејзината турнеја ‘Mrs. Carter Show’. Така Бијонсе објавила неколку фотографии, а на едната од нив уживала во базен заедно со малата ќеркичка.
Освен таа, објавила и фотографија во костум за капење преку кој навлекла само лесна летна кошула, а покажала и како изгледа без шминка. Убавата пејачка, која е заштитно лице на козметичката куќа L’Oreal, покажала дека не и треба шминка за да биде убава, додека позирала возејќи велосипед.