Бијонсе потпишала договор со Пепси вреден 37 милиони долари
12.12.12 00:57
Бијонсе веќе две години по ред била прогласувана како една од најбогатите и најуспешни музички ѕвезди, а по потпишувањето на спонзорскиот договор со Пепси вреден дури 37 милиони долари го оправдала својот статус. Нејзиното лично богатство се проценува на безмалку 250 милиони евра, а со новиот договор се зголемило.
Освен што ќе се појави како заштитно лице во рекламите за Пепси, нејзиниот лик ќе се наоѓа на лименките и на шишињата од овој пијалок. Иако досега многу познати личности биле заштитни лица во промотивните кампањи, ова е прв пат нечиј лик да се најде дури и на амбалажата на производите.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











