Пејачката Бијонсе Ноулс, најубавата жена на светот по изборот на списанието „Пипл“, потполно се променила откако станала мајка. Убавицата која секогаш го привлекувала вниманието со својот гламурозен изглед повеќе не посетува фризери и не носи високи потпетици.
Кога во јануари ја родила ќерката, таа и станала центар на нејзиниот свет. Заборавила на стилистите и фризерите кои дотогаш се грижеле за нејзиниот изглед. Таа открила дека никогаш не мислела дека ќе престане да носи потпетици. Сега, кога ја има ќерката шетала со неа по цел ден во балетанки, а изненадување и било тоа што нејзиниот сопруг сакал кога носела рамни чевли.