Пејачката Бијонсе Ноулс со сестрата Соланж и две другарки излегла прв пат во ноќен провод по бременоста, јавило британското списание „Пипл“. Девојките се забавувале во еден клуб во Њујорк до доцна во ноќта уживајќи во клубската и хип хоп музиката од деведесеттите.
Извор близок на пејачката тврди дека Бијонсе уживала цела вечер, дека била насмеана и расположена за танцување, и дека одлично изгледала со оглед на тоа што пред само два и пол месеци ја родила ќерката Блу Ајви Картер. Во ВИП делот на клубот на девојките им се придружил и актерот Куба Гудинг Џуниор, а клубот го напуштиле нешто после три часот по полноќ.