Жителите на еден мексички град го ставија својот проблематичен  „сограѓанин“ во затвор. Не станува збор за некој криминалец туку за деструктивен бик кој им ги уништувал насадите од пченка, а материјална штета направил и во неколку продавници.

Бикот нема да биде пуштен на слобода се додека неговиот сопственик не плати отштета од 100 долари која  ја одредил локалниот судија. Сопственикот бикот го купил за истата цена пред неколку месеци.

Ова не е прв пат животно да биде затворено во Мексико. Минатата година 12 дена во затвор помина и куче кое без причина касало минувачи. Неговите сопственици морале да платат отштета од 5 долари.

ohridnews