Откако дводелниот костим за капење-бикини беше дизајниран во средината на минатиот век, никако не излегува од мода. Некои жени како и дизајнери го преферираа, некои го избегнуваа,но секогаш беше присутен, како на модните писти така и на плажите.

Името го доби по атолот Бикини, корален остров во Пацификот,познат по тестирањето на нуклеарното оружје, затоа што според зборовите на креаторот „може да предизвика термонуклеарна реакција“.

Денес, шеесет години подоцна, сеуште има „нуклеарна“ моќ, т.е. зависно од моделот може за еден момент да ја уништи долго време градениот имиџ на секси икона. Но и обратно, на многу девојки им успеало со едно пјавување во бикини на страниците на модните магазини даја освојат наклоноста на публиката и да се вивнат меѓу ѕвездите.

Бикинито има толкава моќ да од него се бара скоро невозможното, треба доволно да открива но и доволно да покрива, треба да биде модерен, но не смеесо него да се остави впечаток на модна жртва. Треба треба да ја направи жената привлечна но не и вулгарна…

Колку на некои ѕвезди им успеало сето тоа погледнете:   

     

index hr