Стручниот штаб на Ракометниот клуб Вардар доби нов член и во иднина на клупата ќе биде и Билјана Црвенковска, заедно покрај главниот тренер Роберто Гарсија Парондо и тренерот на голманите Дејан Периќ.

Македонскиот шампион и првак во регионалната СЕХА лига ќе биде прв клуб во европски рамки кој во стручниот штаб ќе има женски преставник. Црвенкоска пред новата улога беше заменик директор во клубот.

  • Среќна сум за шансата што ја добивам и навистина се чувствувам почестена што ќе бидам дел од стручниот штаб на Вардар, односно помошник на тренерот Роберто Парондо. Ова е ново искуство и голем предизвик за мене. Ќе дадам сѐ од себе максимално да му помогнам на стручниот штаб и на целиот тим. Веќе неколку години сум дел од екипата на Вардар, со нив присуствувам на сите домашни натпревари, како и на повеќе гостувања. Знам како функционира тимот, се познаваме добро и очекувам соработка каква што и досега имав. – изјави за веб сајтот на Вардар, Црвенкоска.

Деби во стручниот штаб поранешната македонска репрезентативка ќе има в сабота во Скопје против шведскиот првак Кристијанштад во Лигата на Шампиони.

OhridNews