Поранешниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини е добитник на наградата „One Club Man Award“, која ја доделува фудбалскиот клуб Атлетик Билбао. Наградата ја добива оној фудбалер кој во текот на својата кариера играл само за еден клуб.

Паоло Малдини сета своја фудбалска кариера ја мина во Милан. 25 сезони го носеше црвено-црниот дрес притоа освојуваќи 26 трофеи меѓу кои и седум титули во Италија и пет во Лигата на шампони.

Првиот добитник на оваа награда на Атлетико Билбао беше Мат ле Тисје кој цела кариера ја мина во Саутемптон.

Тимот од шпанската покраина Баскија, е познат по својата филозофија која вели дека во клубот не може да играаат “странци“ т.о. фудбалери кои немаат баскиско потекло. Единствениот фудбалер “странец“ кој играл за Атлетик е Бисенте Лизаразу, но тој не го прекршил правилото бидејќи по потекло е од делот на Баскија кој се наоѓа во Франција.

OhridNews