Накривен билборд опасно надвиснува над минувачите на булеварот „Туристичка“, на раскрсницата кај некогашен Пентекс.

Граѓаните апелираат надлежните да преземат мерки со цел санирање на билбордот, кој претставува опасност за пешаците. Се наоѓа во непосредна близина на основно училиште, кон кое од идната недела ќе се упатуваат и голем број основци.

OhridNews