Доколку имате потреба од професионален и сериозен партнер кој ќе ви помогне при посредувањето за продажба и изнајмување на куќи, станови, плацеви, деловни простории и останат недвижен имот како и услуги од областа на маркетингот, отсега ќе може да се обратите во Агенцијата за недвижности и маркетинг „БИЛБОРД“ која денеска официјално стартуваше со работа.

Агенцијата е лоцирана на улица Дејан Војвода, бр. 8 веднаш позади Охридска Банка. За услугите и понудите подетално можете да се информирате на нивната фан страна на Фејсбук: https://www.facebook.com/agencija.bilbord, како и официјалната веб страна www.bilbord.com.mk која ќе биде лансирана во текот на оваа седмица.

Соствениците на агенцијата велат дека причината за отварање на оваа агенција е да им се помогне на клиентите да ги остварат нивните идеи и барања.

-Оваа работа е голем предизвик за нас па токму затоа претставува вистинско задоволство да се прифати секој повик на клиентот и соодветно, навремено, ефикасно и доверливо да се одговори на барањето. Целта на нашето работење е да ги преточиме нашите и ваши идеи во реалност со воочливи резултати. Максималната работливост, прецизност, квалитетна услуга, креативност и пријателска соработка се приоритети на кои ќе обрнат најголемо внимание. Вклучувањето на знаење, труд, идеи, оригинални решенија ќе овозможат остварување на барањата на клиентите. Успехот и задоволните клиенти се оние кои ќе зборуваат за нас., потенцираат од тимот на „БИЛБОРД“.

Тие додаваат дека со мотото „Ваше барање, наше решение!“ ќе се потрудат да ја освојат и задржат довербата и да изградат пријателски односи со клиентите кои ќе создаваат нови клиенти.

OhridNews

Фото: ЕМИЛИО