Билборди со ликот на индиецот Субрата Рој се поставени низ Скопје, јави телевизија „Телма“. На нив тој се претставува како човек што ја креира или прави историјата, а со порака за мир, се најавува неговото доаѓање на мировните хепенинзи што ги најави „Сахара груп“. 

Според најавите, индискиот бизнисмен кој е заинтересиран за изградба на туристички комплекс на Охридското Езеро кај Љубаништа, деновиве повторно ќе допатува во Македонија.

OhridNews
извор/фото:„Телма’