Девојката која настрада на „Ел Мадригал“ по ударот на Лионел Меси се огласи на социјалните мрежи. Таа доби скршеница на раката и предвреме со помош од останатите гледачи го напушти стадионот.
Навивачката на „жолтата подморница“ на социјалните мрежи напиша – Бев на дел од трибините каде сонцето силно ми биеше во очи, се обидов да се одбранам со раката. Потоа почуствував болка, и дека нешто не е во ред. Луѓето околу мене, реагираа веднаш на тоа. Веднаш потоа ме однесоа до болница, каде потврдија дека имам фрактура на раката. Подоцна ме контактираа од Барселона за да прашаат дали ми е потребно нешто. Мислам дека ќе им побарам карта за натпреварот „Ел Класико“.
Шпанските медиуми напишаа дека девојката по име Рахел Тахуело јавно се окарактеризирала како страсна навивачка на Реал Мадрид и ќе навива против Барселона на „Ел Класико“ за две недели.
Проектилот на Меси погубен за девојка на Ел Мадригал (видео)
OhridNews