Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид), почнувајќи од денеска ќе врши продажба на билети за натпреварот помеѓу Македонија – Косово. Двете селекции силите ќе ги одмерат на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје на 26 март во полуфиналето од баражот за пласман на Европското првенство.

  • Првиот чекор до обезбедување на билет што треба да се направи е да се уплати на трансакциската жиро сметка 530000300505497 и со уплатницата и фотокопија од лична карта или пасош да се пријави во ОФС Охрид. Цената на билетот изнесува 400 денари. Важно известување е што еден човек може да купи само еден билет. Затоа што на билетите ќе има име и презиме и број од личниот документ. – информираат од ОФС Охрид.

Во ОФС Охрид пријавувањето ќе трае до 25 февруари. Билетите пријавените лица ќе ги добијат за пет работни денови после завршување на пријавувањето. За повеќе информации 070 223-521 Јовче.

Македонската фудбалска селекцијата ако победи во дуелот со Косово ќе обезбеди финале во баражот и ќе биде на еден чекор до ЕП. Потенцијалн противник во финалето на Македонија ќе им биде подобриот од вториот полуфинален дуел Белорусија – Грузија.

OhridNews