Фудбалерите на Бешикташ изборија пласман во 1/8 финалето во Лигата на Европа елиминирајќи го Ливерпул по изведувањето на пеналите. Домаќините ги реализираа сите пет пенали, а „црвените“ промашија во петтата серија.
– Заслуживме победа и пред изведување на пеналите. На моите играчи после продолжението им реков дека можат да бидат горди без разлика како ќе завршат пеналите. Но, седум фудбалери како мали деца ми пријдоа и побараа да бидат изведувачи на пенали во серијата. Тоа го покажува колку моите фудбалери имаат самодоверба и не се плашат да преземат одговорност. Ова беше голема вечер за нашата екипа, клубот и турскиот фудбал воопшто. – рече Славен Билиќ.
Хрватскиот стручњак ги пофали навивачите кои бурно го прославија пласманот во осминафиналето.
– Навивањето беше неверојатно. Не можам да ги разберам навивачите зошто и на останатите натпревари не доаѓаат вака бидејќи, тие се неисцрпен мотив за играчите. – потенцираше Билиќ и додаде околу можниот противник во осминафиналето – Нема да се изненадам ако за противник го добиеме Евертон или пак можда тоа е премногу.
Мх.П.