Хрватскиот стручњак Славен Билиќ со тимот на Вест Хем сезонава славеше против Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, а последниот ривал Манчестер Јунајтед им е противник во 15-та рунда од Премиер лигата.


„Чеканите“ со евентуален триумф над „црвените ѓаволи“ ќе комплетираат пет победи над екипите од големата петторка во Премиер лигата нешто што до сега на никој не му успеало.

Екипата од Лондон има сериозни проблеми пред гостувањето на Олд Трафорд поради повредите на главните играчи Димитри Пајет и Диафра Сако.

– Јунајтед е сосема друг од оној во ерата на Сер Алекс Фергусон кога ги мелеше противниците. Сега победуваат тесно, со малку голови, но сепак и тие се бројат. Некој ќе рече дека се досадни, а против такви екипи се игра најтешко. – рече Билиќ.

„Ѓаволите“ се третопласирани на табелата додека „чеканите“ осмопласирани пред дуелот в сабота во 16 часот.

Ohridnews