Селекторот на Хрватската репрезентација Славен Билиќ во изјава за хрватските медиуми го коментираше распоредот на квалификациските натпревари за Мундијалот 2014 година во Бразил.


На отварањето на натпреварите во групата  ќе се сретнат Хрватска и  Македонија. – “Распоредот е одличен. Најважен е стартот, а почнуваме против Македонија дома, па Белгија во гости. На состанокот имаше доста расправии, но се договоривме сето тоа да остане во канцеларијта. Во групата нема репрезентации како Сан Марино или Андора, но старот ни е добар, што значи можеме да се надеваме на 4 или 6 бода. Потоа следува гостување во Македонија каде ќе бидеме пречекани на нож, Потоа доаѓа Велс, јака репрезентација која е предводена од новиот селектор Гери Спид, мојот капитен од Евртон“. – рече Билиќ.


Билиќ, вели хрватскиот претседател на фудбалскиот сојуз, Марковиќ авторитетно ги водел преговорите, засенувајќи ги останатие преговарачи вклучувајќи го и македонскит селектор Џон Тошак.

М.П.