Францускиот интернационалец Димитри Пајет лесно може да се случи да замине од Вест Хем иако неодамна го продолжи договорот.
За потписот на Пајет интерес веќе покажаа шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона и Пари Сент Жермен, што е награда за сезоната од соништата за фудбалерот за врска.
Најзаслужен за блеснувањето на Французинот е хрватскиот менаџер Славен Билиќ кој во Вест Хем го доведе за 15 милиони евра од Олимпик Марсеј.
Пајет му возврати со 12 погодоци и 11 асистенции и улога на лидер на екипата која сезонава нема загубено од ТОП 4 екипите во Премиер лигата.
OhridNews