Менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ се наоѓа под голем притисок во Англија, откако „чеканите“ пред своите гледачи го претрпеа петтиот пораз во шестиот меч во Премиер лигата.


Последна екипа која ги освои бодовите во дуел со Вест Хем беше Саутемптон кој победи со 3-0 во Лондон.

– Ова е фрустрирачки и стварно боли. Ме боли мене како менаџер, а сигурно ги боли и играчите. Ова се истите играчи, навивачи и јас како менаџер од минатата сезона кога правевме одлични работи. Сериозно, ќе си поставам сам неколку прашања бидејќи тоа го правам и кога тимот победува. Вест Хем е мој тим и моја одговорност и јас ја преземам целата за лошите резултати. Кога се работи за отказ, воопшто не размислувам бидејќи јас не знам да се откажам. – рече Билиќ.

Новата сезона од почеток тргна лошо за хрватскиот стручњак и „чеканите“, откако елиминирани беа во последното квалификацисско коло за пласман во Лигата на Европа.

Вест Хем непрепознатлив во Премиер лигата (видео)

OhridNews