Битола деновиве е  центрот на македонскта кошарка.Како никогаш досега две охридски екипи ќе учествуваат во завршницата на купот популарниот финал 8.АМАК Сп во машка и Билјана 006 во женска конкуренција  .

Петочната програма во машкиот дел на турнирот ке ја отворат МЗТ скопје и Соколи  а во вечерниот термин ке играат лидерите во Супер лигата Струмица и лидерот во првата Б лига АМАК СП .

Првото женско полуфинале ќе се игра утре, а во него охриѓанки ке играат против Вигор Скопје. Саботната полуфинална двојка е Изградба комерц Младинец – Водњански лисици. Двата меча ќе почнат во 14.30 часот. Кај жените, титулата нема да ја брани Кимико.

Организаторот на завршницата, продукциската куќа „Хаус 57“, објави дека е постигнат договор со Македонската радио-телевизија за вршење на директни преноси. Од десетте меча во Битола, телевизиски преноси ќе има од 8 (сите машки мечеви и женското финале). На официјалната интернет-страница на Кошаркарската федерација на Македонија работи линк на кој се ставени вестите поврзани со Купот.

Досегашни  освојувачи:

1993 година Годел Работнички, ‘94 Годел Работнички, ‘95 Деликатес Кочани, ‘96 МЗТ Скопје, ‘97 МЗТ Скопје, ‘98 Годел Работнички, ‘99 МЗТ Босс, ‘00 МЗТ Скопје 2000, ‘01 Николферт, ‘02 Николферт, ‘03 Фершпед Работнички, ‘04 Фершпед Работнички, ‘05 Фершпед Работнички, ‘06 Фершпед Работнички.

Ф. Работнички е најуспешен со седум трофеи, следува МЗТ со 4, Николферт има два, а Кочани една. Во финалните мечеви, Ф. Работнички има четири порази, а МЗТ три.

Освојувачи во женска конкуренција: 1993 Симекс Скопје, ‘94 Тиквеш, ‘95 Студент, ‘96 Вигор Скопје, ‘97 Студент, ‘98 Вигор Скопје, ‘99 Тиквеш, ‘00 Вигор Скопје, ‘01 Водњански лисици, ‘02 Тиквеш, ‘03 Кимико, ‘04 Кимико, ‘05 Кимико, ‘06 Кимико.

М. Постоловски