Месец дена по започнувањето на санацијата на теренот на стадионот на “Билјанини Извори“ охридските вторoлигаши ќе може да ги ползуваат услугите на центарот. Потребната акција со која  се изврши  замена на стар со нов бусен на местата каде фудбалското игралиште на Градски стадион беше оштетено e завршена по што клубовите ќе продолжат мечевите како домаќини да ги играат на “Билјанини“.


Предвидени работи се завршени, по што екипите ќе може да играат своите натпревари на “Билјанини“, се надевам дека новата подлога ќе биде среќна за охридските екипи – вели директорката на “ЈП Билјанини Извори“ Гордана Јованоска.

Први теренот ќе го “сефтосаат“ фудбалерите на Охрид Лоте кои в недела го пречекуваат тимот на Тиквеш.Охридските второлигаши одиграа по еден натпревар надвор од Охрид, а и два тима победија на тие мечеви. Охрид Лоте со 2-0 ја победи Локомотива во с. Велмеј, додека Охрид го победи Миравци со 1-0 во Струга.

М.П.