По измените што ги направи ФИБА (Светската кошаркарска федерација) , ЈП “Билјанини Извори“ ги превзеде сите активности за да се направат корекциите во спортската сала. 


Имено корекциите се однесуваат на далечината на линијата за три поени, која сега ќе изнесува 6.75 , рекетот сега е во форма на правоаголник и третата измена се однесува исто така на рекетот каде сега има полукружна линија од 180 степени со централна точка во средината на обрачот.


Во текот на вчерашниот ден финишираа работите така што Спортската сала и кошаркарското игралиште  ќе бидат комплетно спремни за почеток на кошаркарското првенство. 

Кошаркарките на Колибри ќе имаат чест да го сефтосаат “новиот“ терен, откако во рамките на второто коло ќе го пречекаат актуелниот правак Младинец.

М.П.