Забелешките на ВМРО НП во врска со ценовникот за наплата на паркинг бо општина Охрид се политички мотивирани, реагира на обвинувањата на партијата ЈП „Билјнаини извори“, кое од неодамна го презеде управувањето со паркинзите во градот.

-Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ со особено задоволство ги прима сите забелешки од политичките правни субјекти , посебно од тие што имаат големо искуство во “менаџирањето” со јавните претпријатија. За жал  забелешките и сугестиите кои потекнуваат од ВМРО – НП ни изгледаат како чист политички маркетинг, а тоа е инспирирано поради немање на позитивни показатели, дела, после нивното владеење со Охрид во изминатите 8 години. За само месец и половина менаџментот на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ и Локалната самоуправа предводена од Градоначалникот г-дин Никола Бакрачески покажаа на дело како се носат одлуки кои се во интерес на претпријатието, кои се во интерес на вработените. Политичкиот маркетингот им го оставаме на тие на кои им треба за да докажат дека постојат, наша обврска е да работиме согласно законот и согласно интересите на вработените во ЈП Билјанини Извори. -стои во соопштението.

Оттаму ја објаснуваат и постапката на утврдување на цените за паркирање.

-Во име на вистината Управниот одбор на ден 20 06. 2013 година после стапување во сила на одлуката на Советот 07-2676/29 за давање на користење на дел од јавниот паркинг простот на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ донесе одлука 02-484/3 за измени и дополнување на одлуката за утврдување на цените за користење на јавниот паркинг простор. Истата таа одлука е доставена до Советот на град Охрид за усвојување на наредната седница која е закажана на 02. 07. 2013 година. Ние како менаџмент на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ поради тешката финансиска ситуација на претпријатието поради неисплатените 4 плата на вработените поради долгот од 6.5 милиони денари по основ неплатена ел. енергија одлучивме да започнеме со работа со јавниот паркинг простор верувајќи дека ќе наидеме на разбирање пред се поради финансиската ситуација на вработените во Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’. Бидете убедени дека со носењето на одлуката менаџментот на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ не го крши законот и секако немаше за цел да биде над Советот, имаше за цел за што пократко време да дојдиме до февруарската плата, плата која што Вашето раководство требаше многу од порано да ја исплати.-се вели во соопштението.

Од јавното претрпијатие на ВМРО НП и забележуваат за неискрен однос, потсетувајќи ја партијата на времето кога нивни кадар управувал со паркингот.

-Почитувана ВМРО – НП, зачудува фактот што истото ова претпријатие кога работеше со јавниот паркинг простор ( март – јуни 2012 ) со ценовник кој не беше донесен со одлука на Советот на град Охрид Вас не Ви сметаше, или тогаш финансискиот бенефит од истите беше пресуден за Вашето работење согласно законот, зачудува фактот што 8 години не Ви сметаше да се работи со ценовник кој не е донесен од Советот, а со истиот раководевте, на крај, зачудува фактот што останавте без нималку совест кон Вашите вработени во Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ или вие си ја обезбедивте иднината па од нив сега немата корист.
Менаџментот на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ секогаш ќе работи согласно законот, согласно интересите на вработените и претпријатието. Ние сме свесни дека нашиот позитивен подем ќе биде оспоруван посебно од структурите кои не оставиле зад себе дела а имале можност, но верувајте тоа само дополнително не мотивира да успееме во нашата мисија Ј.П.’’ Билјанини Извори’’ да постане современо јавно претпријатие  со кое што Охрид ќе се гордее.-се наведува во соопштението на ЈП „Билјанини извори“.

OhridNews