Со акцијата за чистење на каналите во спортскиот центар , ЈП Билјанини извори интензивно се подготвува за престојната зимска сезона , кога во Охрид очекуваат да пристигнат повеќе фудбалски колективи на зимски подготовки. Со оваа акција фудбалските игралишта ќе бидат подготвени за претстојниот
зимски период кога поради врнежите на дожд и снег редовно сме имале
проблеми околу одржувањето на квалитетот на игралиштата.


После подолго време каналите кои се потребни за подобро функционирање на дренажниот систем се чистат и прошируваат се со цел да се обезбеди добар проток на водата до одводните системи – велат од ЈП “Билјанини Извори“

Покрај средувањето на каналите во наредниот период ќе се продолжи со средувањето и подготовката на фудбалските игралишта како и околу хортикултурното уредување на одредени делови на Спортскиот центар.

OhridNews