Полициски службеници од СВР Охрид вчера лишиле од слобода 49-годишна жителка на Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувала, со остар предмет се заканувала на нејзините родители и оштетила дел од мебелот.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
Исто така вчера, во 11:00 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во Медицински центар Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 50-годишно лице од Велгошти, охридско и 37-годишен жител на Дебар.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира СВР Охрид.