На 23.07.2023 година од 00 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полицските службеници затекнале 19  возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол од нив во Охрид-11, Струга-1, Кичево-3 и Дебар-4. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, велат од СВР Охрид.

На 23.07.2023 година во 04 часот, во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, приведено е 28 годишно лице од Скопје.

При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2023 година во 12.55 часот, во возило „сеат алхамбра“ со охридски регистарски ознаки, што го управувала 40 годишна жена од селото Мешеишта, Општина Дебрца, кое се движело по булеварот „Туристичка“ во Охрид, настанал пожар.

Во пожарот со телесни повреди се здобило 31 годишно лице  од Охрид, кој помагал при вадење на патниците од возилото и тој бил пренесен во Општата болница во Охрид. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews