На 23.06.2022 година од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон возачи на моторцикли и мопеди.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 29 возачи на мотори кои управувале без заштитен шлем-кацига (Охрид-12, Струга-07, Кичево-03, Дебар-07). Ги потсетуваме возачите на мотори, мопеди, моторцикли и велосипеди со помошен мотор, дека законска обврска согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата е, користење заштитен шлем при управувањето и дека на тој начин, ја зголемуваат личната безбедност во сообраќајот, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 24.06.2022 година во 00.30 часот во СВР Охрид приведено е 59 годишно лице од селото Требеништа, Општина Дебрца.
Тој, претходно е затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид и пронајдени му се две пластични туби со околу 50 литри гориво. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишен жител од Охрид поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска нареба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ловечка пушка, една воздушна пушка, една пушка „Црвена Застава“ и 30 куршуми различен калибар кои нелегално ги поседувал, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews