Вчера во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината 45 годишна жена од Охрид.

Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.

На 10 ноември во 02.00 часот во ноќен клуб во Охрид, 30 годишно лице од Охрид го нарушил јавниот ред и мир.

Непристојно се однесувал кон присутните гости, а потоа, пред објектот, и агресивно се однесувал кон вработените во обезбедување на клубот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10 ноември СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје кај него пронајдоа и одзедоа пиштол, рачна граната, ловна пушка и 493 куршуми со различен калибар, кои нелегално ги поседувал, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews