На 22.09.2026 во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид, била пронајдена почината 70-годишна жена од Германија.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.

На 22.09.2026 во 16:05 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица Охрид од слобода лишија 49-годишно лице од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews