И викендов полицијата во Охридско-струшкиот регион има полни раце работа. Во полицискиот билтен предничат настани со насилство, физички напади, дрога и непочитување на службени лица при постапување.

На 16.08.2025 во 20:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на плажа на охридското крајбрежје, едно лице со тврд предмет нападнало 46-годишен охриѓанец.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 16.08.2025 во 18:30 часот, во охридското село Велгошти бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 37-годишен велгоштанец врз 65-годишен сожител.

Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

На 16.08.2025 во 01:30 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен бил 22-годишен жител на Струга, кај кого при извршен преглед, полициските службеници пронашле и одзеле опаковка со марихуана.

Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид.

На 16.08.2025 во 14:15 часот, на улицата.„15 Корпус“ во Охрид, приведен бил 78-годишен охриѓанец кој бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

OhridNews