На 27.01.2026 година во 12:30 часот, на улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишено од слобода е 41-годишно лице од Охрид.

Тој  во угостителски објект бил агресивен кон вработените и гостите во објектот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 27.01.2026 година во 20:25 часот, на регионалниот пат Струга-Радожда, лишено од слобода е 42-годишно лице од струшкото село Заграчани, а на службен разговор е повикано 44-годишно лице од селото Калишта.

При извршена контрола во патничко моторно возило „хјундаи“ со струшки регистарски ознаки, во кое тие се превезувале, полициските службеници го забележале 42 годишното лице како исфрла марихуана. Истата е пронајдена и одземена и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.01.2026 година во 20 часот, на регионалниот пат Струга-Радожда, лишено од слобода е 28-годишно лице од Струга, а на разговор е повикано 29-годишно лице од селото Радожда.

При извршена контрола во патничко моторно возило „фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 28-годишното лице полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.01.2026 година во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода лишија 41-годишно лице од Струга.

Тој во семејниот дом бил агресивен и физички нападнал член на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.01.2026 година во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда-Струга, лишени од слобода се 42 и 41-годишни лица, двајцата од Република Грузија.

Од преземените мерки, констатирано е дека тие, оствариле илегален влез и незаконски престој на македонска територија, по што, согласно член 159 и 165 од Законот за кривична постапка, се задржани во полициска станица за натамошна постапка.

На 26.01.2026 година во 20:42 часот, во ОВР Струга е пријавено дека избувнал пожар во куќа во струшкото село Подгорци, сопственост на 53-годишно лице од истото село.

Во пожарот во кој нема повредени лица, предизвикана е материјална штета, а бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од струшкото село Велешта, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Тој, на 28.11.2025 година, во близина на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, на друго лице од Охрид, му продал две најлонски опаковки со наркотична дрога кокаин, по што се лишени од слобода.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При контрола извршена во струшката населба „Плитишта“, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со опојна дрога кокаин, по што, тој беше лишен од слобода, додаваат од СВР Охрид,

OhridNews