На 17.12.2025 година во 17:50 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 35-годишно лице од Охрид и притоа, кај него пронајдоа и одзедоа две пластични шишиња со непозната течност.
Тој претходно беше пријавен дека агресивно се однесувал кон вработени во казино на улица „Димитар Влахов“, им упатувал закани и оштетил дел од апаратите. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 17.12.2025 во 20:00 часот, на паркинг простор од деловен објект во близина на Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода лишија 23-годишно лице од Охрид.
При извршен преглед во неговото возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Тој, на имот во државна сопственост, во близина на течението на реката Грашница во Охрид, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градба, изградил објект за лични потреби, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













