На 28.07.2026 во 05:25 часот на ул.„Кузман Капидан“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38-годишно лице од Охрид.

Тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а подоцна агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 15.07.2026 во 17:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на плажа во авто камп на охридското крајбрежје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Физичката пресметка била помеѓу 31-годишно лице од Охрид и 34-годишно лице од с.Пештани, охридско, во која се вклучиле и 50-годишно лице од с.Велгошти, охридско, 22 и 35-годишни лица, двајцата од Пештани и го нападнале 31-годишното лице. По целосно документирање на настанот, против учесниците ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.07.2026 во 22:20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 32-годишно лице од струшкото село Лабуништа.

Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со бела прашкаста материја, кое било пронајдени одземено. По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.07.2026 во 21:15 часот на ул.„Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 65-годишно лице од Охрид.

Тој, претходно, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и удрил во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 59-годишно лице од Струга. По преземени мерки и извршени проверки, полициските службеници кај возачот од Охрид утврдиле 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

На 27.07.2026 во 20:35 часот на локалниот пат помеѓу струшките села Мислешево и Мороишта, полициски службеници лишија од слобода 48-годишно лице од струшкото село Октиси.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него утврдиле 1,51 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews