На 24.08.2023 во 10.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, 39 годишно лице од Охрид и 73 годишно лице од с.Белчишта, Општина Дебрца го нарушиле јавниот ред и мир со агреисно однесување. Против двајцата се поднесени соодветни поднесоци, информираат од СВР Охрид.

Истиот ден околу 17.00 часот во авто камп Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршиле преглед на две 21 годишни лица и едно 30 годишно лице, сите од Охрид, како и во шаторот во кој престојуваат, при што во близина на шаторот била пронајдена и одземена марихуана, велат од СВР Охрид.

Додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews