Ноќеска во 00:05 часот на улица „Лазо Трпоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 3-годишен жител на Охрид.

Тој е приведен постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а потоа и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед над него, извршен на улица „Ѓорче Петров“ во Охрид, тој фрлил пакување со марихуана и се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода. Дрогата е пронајдена и одземена, соопшти Димоски.

OhridNews