Утрово 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 53-годишен жител од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.

На 20.04.2026, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште во атар на селото Мислодежда, тој без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 стебла буково дрво и 3 стебла габер или вкупно 31.9 кубни метри огревна дрвната маса. За време на сечата, работник (46) од Скопје бил удрен од дрво. по што починал во Општата болница во Струга. На местото на несреќата, увид извршија ОЈО Струга во содејство со полициски екипи, Државен трудов инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и Шумска полиција, соопшти Димоски.

Вчера во 15:40 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 68-годишно лице, поастапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во семејниот дом и упатувал закани кон член на семејството.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

OhridNews