СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишна охриѓанка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Таа, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила објект за домување. Врз основа на констатираната состојба, надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во Струга, без правосилно одобрение за градење издадено од општинскиот надлежен орган, изградила објект за домување и една гаража, соопшти Димоски.
На 28.02.2026 во ОВР Струга е пријавено дека на улицата „Скопска“ во Струга, едно лице најнапред физички, а потоа и со остар предмет, нападнал и повредил 46-годишен скопјанец.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.02.2026 во 14:50 чaсот во ОВР Струга е пријавено дека во основно училиште во струшкото село Велешта, засега непознат сторител насилно го отворил прозорецот, оштетил дел од инвентарот и одзел 400 денари.
ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот, по што против сторителот ќе поднесе соодветна пријава.
На 28.02.2026 во 12:30 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки: „Ауди А3“, управувано од 24-годишен жител на кичевското село Зајас, „Ауди Q5“, управувано од 31-годишно лице од селото Длапкин Дол и возило „Сеат“, управувано од 56-годижен жител на селото Бачишта.
Со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „ауди А3“ и сопатничката (51) од Зајас како и возачот на „Ауди Q5“. Увид на местото извршиле полициски екипи.
OhridNews












