Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2019, на подрачјето на Струга, пријавениот како сопственик и инвеститор, без добиена согласност и одобрение за градба, изградил автокамп и два помошни објекти.

Вчера, во Полициска станица Струга, било лишено од слобода 31-годишно лице од САД поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Истиот ден, околу 18 часот, пријавениот кој бил со здравствени проблеми, насилно влегол во семејната куќа на улицата „Струшки Кепенци“ и му упатувал закани по животот на неговиот татко. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews