СВР Охрид поднесе кривична пријава против 73-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Тој, на катарстарска парцела „Охридско езеро“, кое било означено како земјиште за општа употреба, неовластено изградил камена ограда со што заградил објект-индивидуална семејна куќа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Пријавениот, на катастарска парцела во индустриска зона во државна сопственост во близина на Струга, бесправно извршил доградба на деловен објект, соопшти Димоски

Вчера во 18:25 часот, во ОВР Струга било пријавено дека 37-годишен стружанец физички ја нападнал неговата поранешна сопруга.

По целосно документирање на настанот, против А.А., ќе биде поднесена соодветна пријава,се наведува во полицискиот билтен.

OhridNews