Синоќа во 22.20 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, во охридското село Велгошти, од слобода лишиле 45-годишно лице од Охрид.

При извршен преглед, кај негп пронајдена и одземена е опаковка со бела прашкаста материја. Тој е затекнат при остварен контакт со три лица на возраст од 26, 31 и 50 години, сите од Охрид кои поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, дополнително се лишени од слобода. По целосно расветлување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 07.12.2025 околу 03:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај кичевското селоТрапчин Дол, патничко возило „волво“ со американски регистарски ознаки, управувано од 32-годишен кичевчанец, излеталo од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката (25) од Кичево, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево# соопшти Димоски.

На 06.12.2025 во 20:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во обложувалница во Струга едно лице со закана со пиштол, од вработената одзело пари.

Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава# информира портпаролот Димоски.

OhridNews