Ноќеска во 00.40 часот, во СВР Охрид приведен бил 43-годишен охриќанец.
При преглед извршен на булеварот „Туристичка„ во Охрид, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Изминатата ноќ, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале 7 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол.
Од нив во Охрид – 3, Струга – 1, Кичево – 3. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, стои во полицискиот билтен.
OhridNews