Стана вообичаено полициските билтени да ги полнат немили настани во кои доминираат недозволена употреба на дрога, алкохол, насилство и други незаконски дејствија.
Синоќа во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид привеле 33-годишен охриѓанец зкај кого била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вчера попладнето, пак, во 16:30 часот, при извршени контроли на плажите во авто кампот „Градиште“, полициски службеници од СВР Охрид, на шанк од еден угостителски објект затекнале вработени лица во објектот како послужуваат малолетни лица со алкохол.
По налог на јавен обвинител, преземени се соодветни мерки за документирање на настанот, по што против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот Димоски.
Во авто камп на струшкото крајбрежје, околу 21 часот синоќа бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Скопје.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Исто така синоќа, во 19:00 часот, во ОВР Струга било пријавено дека избувнал пожар во помошен објект во с.Горна Белица, струшко, сопственост на лице од Струга. Интервенирала екипа на Територијаланата противпожарн единица Струга, а повредени лица нема.
OhridNews