На 29-07-2023 година околу 17 часот, при преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, кај 23-годишен скопјанец, полициски службеници пронашле и одзеле најлонска кеса со марихуана и нож марка „Бокер“ со сечиво од 10 сантиметри.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 29-07-2023 година, во СВР Охрид лишен од слобода е бил 37-годишен скопјанец.

При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин и марихуана. Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

Изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале  11 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохиол (Охрид- 07, Струга-01, Кичево-02, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 29.07.2023 година  во 22.30  часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Подмољје општина Дебрца, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „Форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 29 годишно лице од Скопје и  „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишен ѓител на охридското село Лешани. Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на првото возило, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, кој е пуштен на домашно лекување.Увид на местото извршија полициски екипи од СВР Охрид, стои во полицискиот билтен.

OhridNews