На 23.11.2023 година во 22.10 часот лишено од слобода е 42 годишно лице од Охрид, информираат од СВР Охрид.
Тој, претходно, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Некој час порано, односно во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавен уште еден случај на семејно насилство.
Лице од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во 15.15 часот, вчера, во СВР Охрид, 40 годишно лице од Охрид, пријави дека, на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, едно лице физички го нападнал нејзиниот малолетен син.
По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews