На 01.12.2025 во СВР Охрид е пријавено дека во 14:40 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на селото Извор, 41-годипна жена од кичевското село Колибари физички нападнала 25-годишна жена од селото Пласница, информираат од СВР Охрид.
Потоа настанала физичка пресметка помеѓу нив. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 12.11.2025 во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












