На 03.02.2026 во 13:37 часот, на пресекот на улиците „7 Ноември“ со „Егејска“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 37 и 27-годишни лица, двајцата од Ресен, од една и 56-годишно лице од друга страна.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 03.02.2026 во 06:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во селото Горенци, општина Дебрца, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 03.02.2026 во 21:50 часот во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 26-годишно лице од струшкото село Корошишта.
При преглед во паркирано моторно возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.02.2026 во 10:50 часот, при сообраќајна контрола на булeварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишно лице од с.Белчишта, општина Дебрца.
Притоа, било констатирано дека лицето го управувал возилото иако имал изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки од јавен обвинител, одземени му се возилото и возачките документи. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.02.2026 во 00:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 21 годишно лице, а на службен разговор било повикано уште едно 21-годишно лице, двајцата од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал едното лице, а при преглед кај сопатникот била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













