На 26.12.2025 во 01:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид.
По преземени мерки, едното лице е пронајдено и со него е извршен службен разговор во полициска станица. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на другото лице и за целосно документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од СВР Охрид.
На 25.12.2025 во 02:36 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 02.30 часот на ул.„Крум Точков“ во Охрид настанал пожар во помошен објект сопственост на 68-годишно лице од Охрид.
Од пожарот се зафатени и подрумските простории сопственост на 83-годишно лице од Охрид и клима уред сопственост на 54-годишно лице од Охрид. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид бил извршен, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












