На 29.08.2023 околу 02.00 часот на ул. „Сирма војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле три лица на возраст од 32, 28 и 24 години, сите од Охрид.

Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 28.08.2023 во 17.15 часот на улица „Васил Стефоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Х.К.Г.(30) од Шпанија.

Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews